Кошаркарот на Басконија, Коди Милер Мекинтаер, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) во натпреварите од 26. коло во Евролигата.

Милер Мекинтаер ја предводеше Басконија до триумф на домашен терен над Асвел (94-80), соборувајќи го рекордот во Евролигата со 20 асистенции, а запиша и по 11 поени и скокови, што му донесе индексот на корисност 42.

Зад кошаркарот на Басконија се најдоа Шејн Ларкин од Ефес, Вејд Болдвин од Макаби и Јаго дос Сантос од Црвена ѕвезда.

Листата најдобри кошаркари во изминатото коло во Евролигата ја коплетираат Никола Миротиќ и Шавон Шилдс од Милано кои во победата против Реал Мадрид (81-76) собраа 29 индексни поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2024 22:53