За мене претставува посебна чест и задоволство што сум денеска во Бутел. Дарко кажа навистина импозантна бројка на капитални проекти кои што се дел од програмата која беше ветена за време на кампањата на локалните избори во 2021 година.

Навистина сум среќен што можам да посведочам една озбилна трансформација на општина Бутел. Општина која што би рекол некако беше ставен на маргините на владата на СДСМ и ДУИ. Но, благодарение на градоначалникот Дарко Костовски, администрацијата, советниците, мнозинството во советот, гледаме како на дневна основа се менува во позитивна смисла, се трансформира и тоа е само одличен пример како после победата на 8 мај идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја трансформира Македонија.

Има многу проекти кои што се подготвени од страна на тимот на градоначалникот, Дарко вредно работи заедно со администрацијата и својот тим тука во општина Бутел. Проектите се готови, така што за неколку месеци од денеска и тие проекти кои што не беа дел од кампањата, а кои се потреба на бутелчани ќе бидат реализирани. И јас мислам дека на тој начин само ќе додадеме вредност врз квалитетот на животот на бутелчани.

Посакувам многу успешни проекти, многу среќа пред се, затоа што и среќата е потребна, и само вака да се собираме за убави работи како што е овој проект кој што денеска заедно со вас медиуми го видовме.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2024 19:48