Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал 50 голови на исто толку натпревари во елитниот англиски клупски фудбал.

Халанд по подолга пауза се врати овој викенд во дресот на Манчестер сити и со два гола во саботниот триумф над Евертон (2-0) му помогна на актуелниот англиски и европски првак да се приближи на два бодови до водечкиот Ливерпул, кој има одиграно натпревар помалку.

Со погодоците против Евертон, 23-годишниот Халанд дојде до бројката од 51 гол во својот 50 натпревар во дресот на Сити.

Халанд сезонава досега на 18 премиерлигашки натпревари постигна 16 голови, а отсуствуваше од теренот поради повреда од 10 декември со 13 јануари и пропушти пет натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2024 20:05