Не само што треба да ги вратиме луѓето, туку треба и да спречиме нови да заминуваат. Тоа ќе го направиме преку стратегија во три чекори, порача претседателот на Христијан Мицкоски вo интервју за „Магазинот за туризам и менаџмент“.
Мицкоски ги објасни три чекори со кои ќе ги врати младите назад во Македонија, а тоа е како што рече тој преку подобрување на системот со кој ќе се вреднува квалитетот и способноста, создавање на економски развој и силен стандард овде и третиот чекор преку зачувување на идентитетот, односно да се обезбеди почит за секој човек.
Првиот е подобрување на системот, што подразбира тој да биде ефикасен, да вреднува квалитет и способност. Вториот чекор е да создадеме услови за економски развој, силен стандард овде, дома во Македонија. Трето, да го сочуваме и да го зацврстиме идентитетот. Да обезбедиме почит за секој човек, да се престане со континуираната традиција на порази и колективни неуспеси, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски смета дека секој човек сака да ја создава својата иднина таму каде што се неговите корени, односно како што рече тој треба да покажеме дека Македонија може да биде убаво место за живеење.
Сигурен сум дека секој човек сака да си ја создава иднината таму каде што се неговите корени. Да покажеме дека Македонија може да биде убаво место за живеење, дециден е Мицкоски.