Еден од главните протагонисти на Шарената револуција, која овозможи промена на името, еден од кадрите на Катица Јанева, кој се богатеше над политичкиот прогон врз луѓето што пружаа отпор на "Северна", денес како најобичен политички "лешинар" го напаѓа двонеделниот технички министер од ВМРО-ДПМНЕ за проблем наследен од неспособните и предавнички кадри на СДС.

Замислете, овој текст Апасиев го објавува по најавата на министерот Тошковски, денес на вестите на Канал 5, дека подготвил измена на законите за продолжување на важноста на возачките дозволи и патните исправи.

Очигледно дека најголемата политичка инвестиција на СДС, Шарената револуција, продолжува преку делувањето на Димитар Апасиев. Како се наближуваат изборите, така овие "јастреби" ќе бидат сѐ погрлати.

За среќа, народот ги прочита и нивната политичка релевантност конвергира кон нула!



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 04:27