Скопски Работнички го совлада вечерва Еуро Никел во Кавадарци со 92-91 во дерби натпреварот од 17. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Со ова Работнички го забележа седмиот триумф во серија, а Еуро Никел го претрпе вториот пораз во низа, откако во минатото коло беше поразен од актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Работнички сега се проби на второто место на табелата (13-4), зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром, кој вчера го совлада Охрид со 81-68 и дојде до 14. победа оваа сезона.

Најефикасен во редовите на Работнички на гостувањето во Кавадарци беше Димитрик Трис со 27 поени, додека најистакнат поединец на Еуро Никел беше Маск Меквин со 29 поени



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 04:31