Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи.

Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки.

Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува.

Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи?

Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски?

Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.

Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС.

Мора да се стави на овој хаос.

Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 13:56