Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска синоќа ја победи Нигерија во финалето на Африканскиот куп на нации со 2:1.

Натпреварот се одигра во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска.

Стрелец на единствениот гол на Нигерија беше Вилијам Труст-Еконг во 38. минута. Во 62. минута играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска, Франк Кесиер го израмни резултатот, а во 81. минута напаѓачот Себастиен Але го постигна победничкиот гол.

Брегот на Слоновата Коска го освои Африканскиот куп по трет пат во историјата. Претходно оваа земја победуваше во 1992 и 2015 година.

Нигерија по петти пат стигна до среброто во најсилното фудбалско натпреварување во Африка.

Третото место на Африканскиот куп 2023 го зазеде Јужна Африка која го совлада ДР Конго (0:0; 6:5 - пенали) во натпреварот за бронзениот медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 14:17