Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има пад од четири места на најновата АТП ранг-листа објавена денес. Со 145 поени Ивановски се наоѓа на 345. место.
Од другите македонски тенисери кои имаат пласман на АТП листата, Горазд Србљак е рангиран на 1069. место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609. место со два поена.
На ВТА рангирањето, најдобра Македонка е Лина Ѓорческа која има скок од три места и сега е 239. со 312 поени.
Напредок од пет места има и Магдалена Стоилковска, таа со девет поени се наоѓа на 1211. место.