Вооружениот поранешен вработен, кој утрово упадна во бродска компанија во јужниот дел на Атина уби три лица, по што и се самоуби, според првичните неофицијални информации, јави дописничката на МИА од Атина.

Убиените, неофицијално се лица од раководството на компанијата.

Мажот кусо пред 10.30 часот по локално време, преку паркингот влегол во објектот, каде што по пукањето се затворил во внатрешноста, а полицијата спроведе акција.

Засега не постојат официјални информации за инцидентот.

Според првичните неофицијални информации сторителот е поранешен вработен на возраст од околу 70 години и неодамна бил отпуштен од работа



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2024 15:58