Србите во Северна Митровица протестираат поради одлуката на косовските власти за укинување на српскиот динар и воведување на еврото како единствена валута во Косово.

Протестот се одржува во близина на главниот мост на реката Ибар, а демонстрантите се од сите општини во кои живее српска заедница.

На мостот на Ибар се присутни припадници на косовската полиција и припадници на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР.

Од 1 февруари во Косово стапи во сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се исклучува српскиот динар за плаќање.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2024 02:08