Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната во која ќе се обиде да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција со напаѓачот од Гамбија, Кеба Кебел Сусо и хрватскиот централен дефанзивец Михаел Бришки.

Дваесетишестгоднишниот Сусо, како што соопшти денеска Вардар, доаѓа во редовите на „црвено – црните“ од словенечкиот второлигаш Јадран Декани за кој постигна седум голови на 12 натпревари.

Сусо во кариерата има настапи и за екипите Атард и Викторија Хотспурс од Малта.

Дресот на Вардар во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе го носи и 25 годишниот интернационалец од Хрватска, Михаел Бришки, кој доаѓа од редовите на Санџулијано од италијанската Серија Д.

Бришки е поранешен член на хрватските селекции до 17 и до 19 години, а потекнува од школата на загрепски Динамо.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2024 04:06