Пo шест години, на големиот екран се враќа можеби најпопуларниот „анти-херој“ во светот на суперхероите - „Дедпул“, кого повторно го глуми Рајан Рејнолдс. Продукциската куќа „Марвел“ го објави првиот трејлер за третиот од серијалот филмови, под наслов „Дедпул и Вулверин“ (Deadpool & Wolverine), којшто собра повеќе од 7,4 милиони прегледи во првите 12 часа.

Откако „Дизни“ го купи студиото „Фокс“ во 2019 година, коешто ги имаше правата на филмовите „Икс-мен“ (X-Men) и „Дедпул“, и „Икс-луѓето“ и циничниот (анти)суперхерој официјално се приклучија кон „Универзумот на „Марвел“.

Новиот филм го режираше Шон Леви. Прикажувањата во кино се закажани за 26 јули, оваа 2024 година



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2024 04:30