Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, е изненаден од веста дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе го замени Мерцедес со Ферари на крајот на 2024 година.

- Ве уверувам, изненаден сум. Тој изгледаше многу лојален на Мерцедес, па претпоставувам дека има причини за тоа... Ќе биде интересно да се види како ќе се претстави тимот оваа година, знаејќи дека Хамилтон ќе го напушти тимот. Ќе мора да го гледаме ова, изјави Алонсо, за „Marca“.

Хамилтон се трка за Мерцедес од 2013 година, пред која го претставуваше Мекларен.

Претходно беше објавено дека 39-годишниот Британец ќе се приклучи на Ферари во 2025 година. Според пишувањата на медиумите, тој во италијанскиот тим ќе заработува 50 милиони евра годишно.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2024 16:00