На легендарниот италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, најтешко му било на натпреварите кога против него настапувал Роналдо.
- Се подготвувате на одреден начин во зависност од тоа против кого играте. Во раните години од мојата кариера, се сеќавам дека Кристијан Виери често постигнуваше голови против мене бидејќи имаше огромна физичка моќ, ме збунуваше не само мене, туку и дефанзивците. Од модерните играчи ќе го именувам Кристијано Роналдо – тој секогаш ми даваше гол. Неверојатно. Морам да кажам дека гневот со кој правеше одредени потези на натпреварите е нешто што никогаш не сум го видел кај никој друг. Имаше забележлива енергија која произлегуваше од решеноста да се постигне цел по секоја цена. Меси е исто така уникатен, има направено неверојатни работи. Имав доволно среќа да играм со големи шампиони како Зидан. Ги исклучувам Италијанците бидејќи би спомнал премногу. Роналдињо, Бразилецот Роналдо – играв против уникатни шампиони, изјави поранешниот голман на Јувентус за „BSMT“.
Во текот на својата кариера, Буфон бранеше и за Парма и Пари Сен-Жермен