СДС на мала врата, незаконски и на сила сака да истурка заедно со ДУИ предизборно вработување на 1117 лица во јавното здравство.
Заменик министерката за здравство, Маја Манолева после 6.5 години власт на нејзината партија и текна токму пред избори да вработува кадри во македонското здравство.
Таа им ветуваше до Нова Година и не го реши статусот на овие луѓе.
Нејзината теза дека вработувањата се кочат поради неразумни причини од дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова се невистинити и паушални.
Единствено што Петрова прави е почитување на законите и се чека мислењето на Државната комисија за спречување на корупција.
И на малите деца им е јасно дека ова не е кадровско екипирање на здравството, туку брутално политизирање и партизирање на јавното здравство со 1117 партиски војници.
Меѓудругото дека се работи и за партиска хајка и политизирање од страна на СДС-ДУИ говорат и подготовките за протест на наводно засегнатите, во текот на утрешниот ден пред Министерството за финансии. Во текот на денешниот ден се прават силни притисоци луѓето да излезат на протест, а инспиратор и организатор на тоа е СДС и ДУИ.
Ако имаше грам доблест СДС тогаш овој протест ќе беше пред министерството за здравство, каде Манолева од СДС, а воедно и заменичка министерка во министерството за здравство ќе објасни и одговори:
1.Зошто на седница на Влада заради партиски препукувања одбиена е точката за покачување на платата на медицинските сестри?
2 Што презема Манолева по однос на одбивањето од дневен ред на точката за потпишување на Колективниот договор за вработените во Министерството за здравство, институцијата каде ја извршува функцијата заменик министерка?
3.Што конкретно Манолева презема за решавање на статусот на здравствените работници, ангажирани со договор на дело и кои се институциите каде започнала трансформацијата на работниот однос?
4.Зошто Манолева од позиција на директор на Заводот за физикална медицина ги укина обуките за вработените во оваа ЈЗУ и за која намена сега одат овие средства?