Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски денес го објави списокот со повикани играчи кои ќе биде во комбинација за настап на претстојните натпревари во првиот прозорец на ФИБА од квалификациите за Евробаскет 2025.

На 23 февруари „црвено-жолтите“ ја пречекуваат селекцијата на Естонија, три дена подоцна ќе гостуваат во Полска.

Список на повикани кошаркари за прв собир на македонската сениорска репрезентација:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев - МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија.

Првиот тренинг е закажан за 19 февруари со почеток во 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2024 20:44