Сакам најнапред да го честитам денот на лозарите, да имаат успешна и бериќетна година. Оваа година да биде година на промени и година на добар род.

Ми претставува чест што сум денес во Битола, се видов со голем број на битолчани кои ми посочија дека изминативе 7 години централната власт во Битола нема инвестирано ништо, ниту може да се пофали со некој проект.

Меѓу другото тука сме пред РЕК за да соопштам еден голем скандал кој власта еве веќе две години го прави во нивната златна кокошка РЕК Битола со тоа што на нивната исто така фирма Марковски изминативе две години му имаат префрлено 200 милиони евра. Двесте милиони евра народни пари, пари од државата се префрлени на нивната фирма.

Тука постои и гледаме огромен сомнеж дека овие народни пари овие народни пари земени од џебот на граѓанинот се префрлени во десетина џебови на луѓе од власта. И затоа посочуваме до сите дека мора и ќе има одговорност. Наместо да се изградат градинки, да имаме нови училишта, подобра инфраструктура, ние денеска имаме средства до 200 милиони евра префрлени во џебот на фирмата Марковски и негови блиски соработници.

Сакам да потенцирам власта во заминување пакувајќи ги куферите сака да направи што поголема штета и врз институциите, меѓутоа и врз буџетот на Република Македонија. Тоа ќе биде спречено, граѓаните се свесни и подготвени за смена на власта, меѓутоа треба оние кои што ја практикуваа власта во моментот да се свесни да не прават злоупотреби кои носат долгорочни штети во државата и граѓаните



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 02:48