Портпаролот на косовската царина Адриатик Кељменди денеска изјави дека на преминот Јариње се појавиле луѓе кои тврделе дека префрлаат динари за Комерцијална банка, која веќе престанала да работи и дека косовската царина им наложила да ги следат упатствата на Централната банка на Косово.
Медиумите во Србија денеска објавија дека на преминот Јариње било запрено возило што пренесувало српски динари.
На 1 февруари 2024 година стапи на сила Регулативата на Централната банка на Косово во која се вели дека единствена валута на Косово е еврото, пренесе Бета.
Тоа предизвика и меѓународна реакција. ЕУ и САД побараа преоден период за спроведување на таа регулатива.