Минатата година бројот на новороденчиња во Словенија падна на 16.800, што е за пет отсто помалку од претходната година и најмал број откако се води евиденција од 1922 година, покажуваат прелиминарните податоци на словенечкиот Завод за статистика (СУРС).

Најважна причина за падот на бројот на новороденчиња во последните години е падот на бројот на жени во репродуктивна возраст, меѓу 15 и 49 години, објави СТА.

Нивниот број се намалил за 18 отсто во периодот од 2000 до 2022 година, изјави Мартин Бајжељ, претставник од СУРС



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 03:06