Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти.
Ова им го кажуваат и медиумите, и правниците и граѓаните, само тие се обидуваат вината да ја пренесат на ВМРО-ДПМНЕ, на народот или на короната.
Овде СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.
Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер.
Вака лошо во Македонија никогаш не било, како сега со ДУИ и СДС. Тоа граѓаните го чувствуваат на свој грб и затоа треба да ги поразиме.