Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е првиот учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија што го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Аеродромци попладнево во Битола, во првото четвртфинале забележаа победа над Гостивар со 91:76.

Најефикасен во победничкиот состав беше Харис Делаљиќ со 22 поена, кај гостиварци се истакнааТајрис Вилијамс со 23 и Џејлен Инграм со 20 поени.

До крајот на денот во „Боро Чурлевски“ во Битола ќе играат:

Еуро Никел – Чаир (14:30 часот)

Работнички – ТФТ (17 часот)

Пелистер – Феникс (19:30 часот).

Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром кој со 11 освоени титули е најуспешен во ова натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 15:00