Кошаркарите на Еуро Никел се вторите полуфиналисти на Купот на Македонија откако забележаа победа над скопски Чаир со 87-79 (47-47).
Претходно МЗТ Скопје си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи.
Иако на минута до крајот, кавадарчани влегоа со минимална предност од 79-78, сепак подобро се снајдоа во финишот и успеаја да стигнат до конечен триумф.
Смит Меквен со 28 поени беше најефикасен кај победникот, додека во редовите на поразе