Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се свршил со својата 23 години помлада девојка по тајно запросување, објави германскиот весник „Билд“. Тоа за него би бил трет брак.

Неговата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро - политиколог од африканската островска држава Сао Томе и Принципе, е со Бекер (56) веќе неколку години. Тие заедно се преселиле во Милано по неговото ослободување од затвор каде што отслужи осум месеци од неговата 2,5-годишна затворска казна за финансиски измами. Според списанието „Бунте“, Бекер на неговото излегување во 2022 година рекол:

- Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот. И се надевам дека секогаш ќе бидам со неа.

Според наводите, венчавката се очекува следната година.

Бекер и неговата сопруга Лили Бекер се разделија 2018., по девет години брак. Само една година помалку траеше бракот со неговата прва сопруга Барбара Бекер. Тие се венчаа во 1993., а се разделија 2001 година, откако тенисерот призна дека имал афера додека неговата сопруга била бремена со нивното второ дете.

Бекер беше обвинет во 2022 година, и осуден откако прогласи фиктивен банкрот и прикривање имот во вредност од 2,5 милиони фунти. Тој, имено, не пријавил свој дел од имот во Германија вреден милион фунти, како и 700.000 фунти во готовина.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2024 04:02