Бугарија е меѓу земјите на НАТО кои годинава ја постигнаа целта за трошоци за одбраната еднакви на два отсто од БДП, а во секоја од следните години до 2032 година, во некои и повеќе. Ова им го соопшти министерот за одбрана Тодор Тагарев пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше на средбата со неговите колеги во седиштето на пактот.
За 2026 година имаме сериозни плаќања по веќе склучени договори, тогаш буџетот е поголем, околу 2,4 отсто од БДП, посочи тој. Процесот на превооружување мора да започне во поголем обем, мора да го достигнеме децениското заостанување, објасни министерот. Значителен дел од овој буџет, околу 1/3 е за инвестирање во нови капацитети, а тоа е доста добро прифатено од нашите сојузници, додаде Тагарев.
По повод изјавите за воените трошоци на земјите од НАТО на поранешниот американски претседател и кандидат за нов мандат, Доналд Трамп, министерот коментира дека Трамп е во изборна кампања. Ова беше неговиот став и кога беше претседател беше сосема разбирливо, рече Тагарев. Тој прецизираше дека сите земји на НАТО пред 10 години одлучиле да остварат трошоци за одбрана еднакви на два отсто од нивниот БДП. Вознемирува фактот што некои се уште не ги достигнале овие два отсто, бидејќи мора заедно да го поделиме товарот, додаде министерот.
По повод очекуваната владина ротација, Тагарев посочи дека во кабинетот е поканет од премиерот Николај Денков. Ние работиме исклучително добро со него и со вицепремиерката Марија Габриел, додаде тој.