Во третиот четвртфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, екипата на Работнички стигна до победа над ТФТ Моцарт со 75:68 (34:40).
Победата на Работнички им донесе пласман во полуфиналето, каде за противник го имаат актуелниот освојувач на трофејот – МЗТ Скопје Аеродром.
Тимот од Тафталиџе водеше и со 14 поени разлика во текот на мечот, но имаше големи осцилации во играта кои на крајот ги чинеше пораз.
Роберт Рикиќ во победничкиот состав забележа учинок од 23 поени и девет скокови, додека кај ТФТ најрасположен беше Виктор Ташовски со 12 поени.