Четирикратната грен – слем шампионка, Јапонката Наоми Осака и чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го откажаа денеска настапот на турнирот во Дубаи.
Осака претходно оваа недела дојде до четвртфиналето во Доха, а ќе го пропушти турнирот во Дубаи за подобро да се подготви за претстојните два американски турнири во Индијан Велс и Мајами.
Крејчикова, пак, нема да се појави на турнирот во Дубаи поради повреда на грбот.
Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 3.211.715 доалри.