Опозициските партии во Албанија денеска потпиша договор, со кој се формира „Коалиција на обединетата опозиција“, во кој стои дека два главни приоритети на политичката агенда се „гаранција за слободни и фер избори и потребата од координирање на напорите за враќање на плурализмот и функционалната демократија“.
На документот, на кој се потпишани лидери на 11 партии меѓу кои на лидерот на побројното крило на демократите, Сали Бериша, кој е во куќен притвор, лидерите на Партијата на слободата, Илир Мета, на Републиканската партија, Фатмир Медиу, како и Ванѓел Дуле, на Партијата за заштита на човековите права, партија на етничките Грци.
На средбата оценето е дека создавањето на обединет опозициски фронт докажува дека опозицијата е на потребната висина по политичката, економската и социјалната криза низ која минува Албанија.
Според Фламур Нока, кој го заменува Бериша, денешното обединување на опозицијата е во „согласност и со целосна почит кон гласот на 670 илјади Албанци кои гласаа за нејзината коалиција на 25 април 2021 година“.
- Единството на опозицијата е сигнал до Еди Рама дека со секое оружје на граѓанска непослушност ќе одговориме на неговите напори да го уништи плурализмот и Албанија да ја претвори во еднопартиска држава. Обединувањето на опозицијата ни е единствениот начин да го спречиме Рама да ја уништи Албанија. Им порачуваме на Албанците дека имаат алтернатива против власта. Обединувањето на опозицијата денес е национална потреба и овде и во дијаспората против режимот заснован на криминал, дрога и кражба на Албанците. Коалицијата е заштитна брана против Рама и против натамошната депопулација и осиромашување на Албанија, изјави Фламур Нока.
Додаде дека единството на опозицијата е зајакнување на пораката за големиот протест закажан за 20 февруари во Тирана.