На два дена пред конститутивната седница на Собранието на град Белград не се знае дали Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија (СПС) ќе успеат да обезбедат мнозинство за власт или пак ќе има избори. Не се знае ниту начинот на кој опозицијата ќе ја блокира седницата. Нејасно е и дали и кого ќе поддржат одборниците на Движењето „Ние - гласот на народот“ на Бранимир Несторовиќ, кои се пресудни за формирање на власт на СНС, јави дописникот на МИА од Белград.

Апсењето на потпретседателот на Народно движење на Србија и советник во Белград, Милош Павловиќ, за учество на протестите на опозицијата на 24 декември пред градското собрание, според претставниците на опозициските партии, е обид за заплашување на цела опозиција пред конститутивната седница на белградското Собрание.

Од Коалицијата „Србија против насилство“ (СПН) порачаа дека нема да дозволат да се формира власт во Белград и не сакаат да зборуваат за подетален план пред конституирањето на градското собрание на Белград.

-Во понеделник ќе го направиме она што граѓаните го бараат со месеци, што на крајот го кажаа на изборите на 17 декември, а тоа е дека граѓаните не ја сакаат оваа власт. Значи нашите постапки во понеделник ќе бидат насочени кон прачање на поракате дека оваа градска власт која си ги доби фотелјите со крадење избори на овој начин всушност да не се формира. За деталниот план нема да зборуваме до следната недела. За нас е важно да нема да учествуваме на ниту една начин и дозволиме да се формира градска власт која дошла со крадење на изборите, изјави Наталија Стојменовиќ од Зелено-левиот фронт.

А од партијата „Србија центар – СРЦЕ“, која е дел од „Србија против насилство“, велат дека СНС нема легитимитет да формира власт во Белград. Тврдат дека тоа нема да го прифатат ниту граѓаните, ниту опозицијата, ниту меѓународните институции.

Филип Таталовиќ, функционер на Демократската партија (ДС), изјави дека апсењето на Павловиќ не ги поколеба другите советници на опозицијата во борбата за демократија и дека дефинитивно ќе направат се за да не се формира градска власт.

Мила Поповиќ, советничка на Партијата за слобода и правда (СПП), во интервју за Данас, забележува дека власта е доста нервозна и дека знае што направила на изборите и дека се фатени во кражба. Оттаму доаѓа насилството кон неистомислениците што е доказ дека сме целосно заробена земја во која институциите се користат само за заштита на една партија и еден човек.

-Ниту ќе не заплашат, ниту ќе престанеме да ги изнесуваме доказите за нивниот изборен инженеринг и грабеж, ниту пак некогаш ќе се откажеме од борбата за слободна и фер Србија, оцени Поповиќ.

Марко Шариќ, функционер на Нов ДСС, забележа дека власта на СНС покажала дека институциите на државата се впрегнати да работат за партијата, а не за граѓаните, што јасно се гледа преку случајот со сообраќајната полиција и обвинителството.

Своите планови не ги открива ниту СНС на кои заедно со СПС и фалат два одборника за мнозинство и го чека понеделник. Тогаш, велат, ќе се знае дали ќе се формира власт во Белград или ќе се повторат изборите.

-СНС нема мнозинство затоа што ние самите не добивме толкав број мандати, ќе видиме дали со нас ќе има политичко мнозинство, односно дали тој број на советници што е квалификувано мнозинство ќе ги поддржи изборот на кандидатот за претседател на Собранието и кандидатот за градоначалник, ќе видиме на 19 февруари, изјави вчера Милош Вучевиќ од лидер на СНС.

Вучевиќ се уште не ја исклучува можноста еден од советниците од Движењето „Ние - глас од народот“ Бранимир Несторовиќ да ја поддржи СНС. Несторовиќ, не одговора на прашањата дали некој од неговите советници ќе го стори тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2024 18:21