Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај преку објава на социјалните мрежи, на сите Албанци им ја честиташе 16-годишнината од независноста на Косово, оценувајќи дека „овој посебен ден го означува крунисувањето на соништата на албанскиот народ на Косово, за слобода и независност“.
Според него, 16. години Косово како независна држава е „позитивен, мирољубив и важен фактор за безбедноста во нашиот регион“.
-Ние сме две држави, но еден народ со еден јазик и една култура. Оваа златна можност мора да ја искористиме да покажеме дека сме способни да градиме модерни држави според демократски принципи, во соработка и координација со нашите партнери, САД и ЕУ, пишува Бегај.
Оценува дека „Косово е успешна приказна на Балканот во однос на човековите права“, изразувајќи ја поддршката на Албанија за „другиот дел од албанската нација преку границата“ и нагласува дека дијалогот со Србија со посредство на ЕУ и силна поддршка од САД е „единствениот начин да се постигне мир и нормализација на односите меѓу Приштина и Белград“.
Независноста со куса порака ја честиташе и премиерот Еди Рама, како и лидери на политички партии.
„Честита независност Косово“, напиша Рама на Фејсбук прикачувајќи и фотографија со симболи на државата Косово