Финалисти за влез во Куќата на славните на НБА во 2024 година се, меѓу другите, Чонси Билапс и Винс Картер.

Чонси Билапс моментално е тренер на Портланд, а како играч најмногу успеси имаше во Детроит. Таму помина шест години, а беше МВП на финалето во 2004 година кога Пистонс станаа шампиони. Тој учествуваше на Ол-стар натпреварот пет пати помеѓу 2006 и 2010 година.

Винс Картер е еден од најпознатите НБА играчи од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Посебно се истакнуваше по забивањата, но и по лидерството на паркетот. Шест години беше предводник на Торонто, а потоа долго време играше за Њу Џерси, па промени уште неколку франшизи за во ветеранските години да ја заврши кариерата во Атланта Хокс.

Картер не беше шампион во НБА, но беше осумкратен Ол-стар и беше олимписки шампион во 2000 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2024 18:55