Пилотот во Формула 1, Фернандо Алонсо ја коментираше количината на тестирања пред почетокот на секоја сезона во најбрзото автомобилско натпреварување во светот.

Во последните две години, бројот на тестови е дополнително намален. Возачите и тимовите сега имаат само три дена да се подготват на патеката во Бахреин.

Неколку дена подоцна, сезоната во Формула 1 официјално започнува на истата патека.

-Имаме многу ограничени тестирања во Бахреин. Цела зима размислувам за ова. Неправедно е што имаме само ден и пол да се подготвиме за новата сезона, изјави Алонсо.

Традиционално, тимовите користат само еден автомобил дневно. Се разбира, најновата генерација на симулатори овозможува тоа да биде доволно. Од друга страна, времето поминато во симулаторот не може да се спореди со она во вистинскиот болид на патеката



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2024 17:23