Победникот на последното издание на трката за издржливост „24 часа Ле Ман“, Ферари, денеска ги претстави боите со кои прототипите 499P ќе се тркаат во Светскиот шампионат во издржливост (ВЕЦ) следната сезона.
Презентацијата беше на 126-тиот роденден на основачот на компанијата - Енцо Ферари.
Скудерија се врати минатата година со два прототипа во класата „хајперкар“, победувајќи на Ле Ман со бр.51, пилотиран од Алесандро Пјер Гуиди, Џејмс Каладо и Антонио Џовинаци. Ферари оваа година повторно ќе влезе на ВЕЦ со истите екипажи, а Антонио Фуоко, Мигел Молина и Никлас Нилсен ќе се натпреваруваат со бр.50.
При откривањето на шемата на бои на 499P за сезоната 2024, Ферари објасни дека ги комбинира боите на 312 RV - последниот ВЕЦ прототип на Скудерија пред 499P - и Ф1 болидот од 2007 година што ја освои последната светска титула на Кими Раиконен меѓу пилотите во светскиот шампионат.
За оваа сезона е зголемено присуството на жолта во шемата на бои, со што се нагласени „трупот и кокпитот“, велат од тимот, а благодарение на новата шема на бои, прототипите подобро ќе се гледаат при слаба осветленост.
ВЕЦ сезоната започнува на 2 март со трката во Катар на 1.812 километри и „24 часа Ле Ман“ на 15-16 јуни.