Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди главниот град на БиХ - Сараево утрово околу 09:20 часот.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри.
Граѓаните на Сараево и неговата околина пишуваат на ЕМСЦ дека земјотресот бил почувствуван силно и траел неколку секунди, пренесува Кликс.
„Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се тресеше“, „Два кратки удари, неполни четири секунди“, „Кратко, но јасно“, „Навистина се тресеше во Сараево“, напишаа жителите на Сараево во коментарите на страната на Европско-медитерански сеизмолошки центар.
Засега нема информации за материјална штета