По налог на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, меѓу другите досега запленети имоти, станови, хотели, вили, автомобили, банкарски сметки, стекнати од криминални активности, се најде и еден од најубавите комплекси во северниот албански град Скадар.

На барање СПАК, со судска одлука е одземена трикатницата со вкупна површина од 900 квадратни метри, кој вклучува бар-ресторан-хотел.

-Како што може да се види од сликите на интернет, трикатната зграда наречена „Езерскиот принц“ е изградена на врвот на карпа на брегот на Скадарско Езеро. Со прекрасен поглед на целата околина „Езерскот принц“ сопственост на Гезим Цафи, сега и припаѓа на државата, објавија медиумите.

Цафи пред неколку години бил предмет на акцијата „Сила на законот“ која започна низ цела Албанија, каде од експонентите на подземјето се бараше да го оправдаат своето богатство. Браќата Гезим и Бледар Цафи се познати како моќни и влијателни луѓе во Скадар, осудувани дома и во странство.

-Во рамки на истата акција, неодамна во градот Лежа, албанските власти блокираа банкарски сметки вредни 5,2 милиони евра и седум станови на поранешен началник на албанските полициски оперативни сили и негови роднини, а пак, деновиве, беа косфискувани 1.130 квадратни метри (станови и деловен простор) во вкупна вредност од милион евра, додаваат медиумите.

Неодамна, албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала, нареди забрана за продажба на запленети имоти, стекнати од криминални активности, кои се проценуваат на десетици милиони евра. Хотел запленет во приморскиот град Валона сега е ставен на користење на албанската и косовската полиција за рекреација и обуки, а две блиндирани возила беа вклучени во полициската колона задолжена за безбедноста на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, при посетата на Тирана на 15 месецов.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2024 15:46