Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари нема намера во скоро време да ја заврши кариерата.
Според 35-годишниот кошаркар, тој нема да почне да размислува за пензионирање додека придонесува за неговиот тим.
- Порано или подоцна ќе дојде момент кога ќе се разбудам и моето тело и мојот ум ќе ми кажат дека е време. Но, мислам дека не сум блиску до тој момент, изјави кари за „Clutch Points“.
Во својата 15-та сезона во НБА-лигата, Кари има освоено четири шампионски титули и два пати ја доби наградата за најкорисен играч (МВП).
Кари во НБА-лигата дебитира во 2009 година и целата своја кариера ја помина во Голден Стејт вориорс.