Демијан Лилард го повтори достигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан.
Ѕвездата на Милвоки стана вториот играч во историјата на НБА кој победил на едно од саботните натпревари и потоа бил прогласен за МВП на Ол-стар натпреварот следниот ден.
До денес единствениот играч кој го постигна ова беше најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан. Во 1988 година, легендарниот играч на Чикаго победи на натпреварот за забивање и стана најкорисен играч на натпреварот на сите ѕвезди.
Лилард ја освои својата втора последователна титула на натпреварот за 3 поени во саботата и ја заслужи титулата МВП на Ол-стар мечот одигран ноќта недела кон понеделник постигнувајќи 39 поени.