Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која што истакна дека во однос на личните документи, уставно загарантираното право на слобода на движење на граѓаните им е загрозено, и одговорноста за хаосот со личните документи е на власта а тоа што Оливер Спасовски сега не е министер за внатрешни работи не значи дека не сноси одговорност.
„Мора да потсетуваме на ова бидејќи мислам дека и експерти, не политички партии кажаа, се изјаснија дека што се однесува до двата наши предлози за документите, на едниот се потпишаа сите политички фактори во парламентот, едниот беше за возачките дозволи, другиот беше за законот за патни исправи, дека и за двете иницијативи, идентични се причините, така да не гледам кое е образложението да за ова не може да се гласа. Експертите кажаа, единствено државата е таа која што е надлежна да прогласи некој документ за важечки или за неважечки. Значи, се случи тоа со патните исправи, навистина не гледам причина зошто не би се случило и со пасошите, бидејќи реално не е возможно, дали е тоа увидено или не од страна на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски навистина не знам. Доколку не увидел е страшно, а доколку увидел е уште пострашно. Но сите докази кои што излегоа на виделина говорат во насока на тоа дека овој хаос како да е намерно подготвуван за да му се остави во наследство на сегашниот министер за внатрешни работи во техничката влада. Министерот апелираше, покрај тоа што тој е иницијатор, ете ние во парламентот моќни како опозиција сме толку, не можеме 61 глас да обезбедиме за оваа втора иницијатива, да оставиме на иницијативата или притисокот од луѓето кои што се навистина засегнати со ова, знаеме дека 100 илјади луѓе пред да заврши рокот се останати без патни исправи. Навистина имаме проблем со тоа што не само што е ускратено уставното загарантирано право на граѓаните туку дека станува збор за едно лошо менаџирање на процесот и ненавремена подготовка за истиот ако знаеме дека пред 2,5 година е донесен овој закон и мислам за тоа и тоа како имало време за да се изменаџира а не сега да настане овој хаос“, истакна Стојаноска.
Стојаноска и укажа на Калеска-Ванчева од СДСМ дека одговорноста за хаосот со личните документи е на власта и тоа што Оливер Спасовски сега не е министер за внатрешни работи не значи дека не сноси одговорност.
„Во август 2023 година, Оливер Спасовски направил барање за достава за 400 илјади обрасци, за да со анекс на тоа барање во декември пред не цели 3 месеци тоа барање го сведи на 20 илјади обрасци. Потпишавте капитулантски договор, нашиот став не е променет, факт е дека вие го потпишавте, и сега тој е преточен во закон. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека законите мора да се почитуваат, за жал и овој закон мора да се почитува. Што е тука неконзистентно колешке Калеска, каде ја гледате тука вината на Панче. Во заблуда се доведени граѓаните, уставно загарантираното право на слобода на движење им е загрозено, и не само со уставот на Македонија со мноштво декларации со пактот на Стразбур итн. Знаете ли дека овие 650 илјади луѓе кои што се уште имаат валидни пасоши и овие 100 илјади кои што пополниле на време обрасци што ќе се случи ако тие тужат. Знаете колку тоа ќе ја чини државата. Ако е некој виновен за ова, тоа е власта, кој ова го подготвил, го изгласал како закон. Чија е одговорноста што сега граѓаните се оставени во хаос, и зарем сметате дека тоа што Оливер Спасовски сега не е министер за внатрешни работи не сноси одговорност“, истакна Стојаноска.