Нови визии, простор за младите, нов начин на планирање на просторот за живот, вклучување на природата, студентите од Факултет за архитектура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје денеска ги презентираа своите проекти за уредување на градот Штип. Десетти град по ред кој го работат, и е многу поразличен од сите останати вели универзитетската професорка, Дивна Пенчиќ. Според неа, Штип е град со добра основа, одлично испланиран урбанистички, па студентите имале доста тешка задача да планираат нешто поразлично, а сепак привлечно за младите.

-Беше интересно дека се запознавме со град кој е многу различен од другите градови во Македонија, кој е многу испланиран, многу уреден и не беше лесна задачата како сега ние да дадеме нова визија. Од таму пак беше иницијал да планираат град за генерација која сака да живее во Македонија, да остане во нашите градови и Штип го почувствуваа како место за работа за младите кои живеат на многу поразличен начин, зијави Пенчиќ.

Студентите кои се петта година на Факултетот за архитектура велат дека преку своите проекти размислуваат и за нови можности за младите, искористување на индустрискиот капациете со кој располага Штип, даваат и предлози за нови смерови на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за развој на Штип, не се потребни само финансики средства туку желба и мотивација. Се надева дека проектите изработени од страна на студентите ќе се применат во иднина за урбанизација на Штип.

-Навистина сме почестени оти сме одбрани како општина, како град да ја погледнеме креативноста на студентите, нивните погледи за развојот на град Штип, на центарот на Истокот. Неколкупати досега сме кажале дека Штип има потенцијал кој не зависи само од финансиските средства туку и од желбата и креативноста и целта која ќе си ја поставиме, рече Јорданов.

Студентите за првпат Штип беа во месец октомври минатата година кога и започнаа со планирање на нивните проекти. Изработени се 50 стратегии, визии од кои произлегоа околу 20 проекти



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 16:33