ВМРО-ДПМНЕ, по превземањето на власта, ќе спроведе два клучни проекти, во областа на урбанизмот.

Првиот проект се вика BIM (Building Information Modeling), со кој ќе се исклучи човечкиот фактор, при вадење на градежни дозволи. Ќе се воспостави стандардизација при изготвување на документација, за добивање на дозволи за градба, со помош на иновативни софтверски платформи за автоматска проверка.

Со овој проект, ќе се скрати времето на проектирање и времето за добивање на одобренија за градба, надградба и реконструкција.

Со овој начин драстично ќе се скрати времето, ќе се намалат трошоците, ќе се искорени корупцијата, а на граѓаните и инвеститорите ќе им се овозможи брзо и ефикасно издавање на одобрение за градба.

Вториот проект е е-урбанизам, донесен од владата на ВМРО-ДПМНЕ пред околу 10 години, кој има потреба биде надграден и ажуриран, кој овозможува донесувањето на ДУП-овите да бидат целосно по електронски пат.

Самите донесувачи, односно архитекти и планерите, ќе имаат директен пристап до Агенција за катастар, за парцелите на објектите, потоа до ЕВН и МЕПСО, за поставеноста на подземна и надземна инфраструктура, од комуналните претпријатија, за подземните водоводни и канализациони мрежи, од министерството за животна средина, за општите и посебните мерки за заштита на животната средина, од институциите за културно наследство, податоци за тоа дали опфатот недвижноста, влага во законски забрането или не забрането земјиште.

Веднаш по формирање на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се донесе нов Закон за урбанистичкото планирање, со кој најнапред законски се задолжуваат сите институции да ги дигитализираат и стандардизираат своите податоци и бесплатно преку сервер, да бидат достапни на новиот Владин гео портал, кој ќе биде за урбанизам и просторно планирање.

Планерските куќи, наместо како досега, да чекаат согласности од десетина институции сега единствена согласност, ќе им биде потребна од софтверот, односно системот и од граѓаните.

Од друга страна, граѓаните наместо како досега да чекаат јавни анкети, сега ќе можат онлајн, преку геопорталот да ги следат во живо сите чекори во донесувањето на нивните планови и онлајн да поднесуваат забелешки или идеи, за подобро обликување на некој дел од планот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе обезбеди нулта корупција, а урбанистичките планови, ќе се носат на брз, транспарентен и ефикасен начин.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 16:03