Македонската кошаркарска репрезентација в петок ќе се сретне со Естонија во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2025. Членот на Задар, Адем Мекиќ, очекува добар настап на „црвено-жолтите“ и покрај силниот ривал.

- Естонија е силна репрезентација, многу агресивна, која игра брза и атрактивна кошарка. Во последните години играат феноменално. Ние сме домаќини релативно млада екипа која е надополнета со искусни играчи. На нас е да излеземе на терен и да дадеме максимум. Верувам во цела екипа. Се надевам на позитивен резултат. Фаворитската улога ја препуштам на Естонија, но и ние имаме квалитетни играчи. Ќе видиме како ќе биде на терен, изјави Мекиќ.

Натпреварот ќе се игра на 23 февруари во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Во групата Х се и селекциите на Полска и на Литванија. Полска како домаќин на шампионатот автоматски има обезбедено пласман на ЕП, а за останатите две места ќе се борат Македонија, Литванија и Естонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 16:38