Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

Како што денеска соопшти МВР, од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 16:39