„ЕБУ“ и „РТВЕ“ соопштија дека 22. издание на „Детска Евровизија“ ќе се одржи подоцна годинава во Шпанија.
Песната на Шпанија победи на второто издание на овој музички натпревар во 2004 година.
Според правилата на „Детска Евровизија“, земјата победник не мора да биде домаќин на следното издание на натпреварот, како што е правилото на „Евровизија“. Па така, откако Франција, која победи на последното издание на натпреварот, одлучи да не биде домаќин годинава, Шпанија, како второ место на 21. издание, реши да ја прифати шансата.