Новиот македонски кошаркарски репрезентативец верува дека „црвено-жолтите“ со максимално залагање имаат шанса за успех во претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство 2025 година.
- Работиме на хемијата во тимот, имаме само неколку дена, но се обидуваме максимално да ги искористиме. Ќе мора да 'извадиме' се од нас за добар резултат. Голема чест што сум Македонец и што ќе играм за Македонија. Ни претстои голема борба против Естонија и Полска и возбуден сум поради она што не очекува. Презадоволен сум од приемот овде, сите се гостопримливи, почнувајќи од претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, па до соиграчите во репрезентацијата, изјави хап.
Зад него се неколку одработени тренинг-сесии со македонската репрезентација. Се очекува тој да биде од голема помош на високите играчи кои треба да бидат заштита на нашиот рекет.
Дваесет и седумгодишниот Хап е со потекло од Илиноис, САД.
Натпреварот со Естонија е закажан за утревечер во 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Во групата Х се и селекциите на Литванија и Полска.