Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, истакна пред претстојниот старт на новата сезона во Формула 1 дека Ред Бул е најголем фаворит за титулата.

Возачот на ферари, Карлос Сајнц беше најбрз денеска на вториот ден од тестирањата во Бахреин и оствари подобар резултат од актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, кој беше најбрз во средата.

Расел, меѓутоа, го пофали Ред Бул и актуелните шампиони ги нарече „импресивна екипа“.

„Ред Бул е фаворит и дефинитивно е чекор пред сите други. Тоа се очекуваше“, изјави денеска Расел за британскиот сервис Би-Би-Си.

Последниот, трет, ден од тестирањата на патеката во Лусаил е в петок пред стартот на новата Ф1 сезона, на 2 март за Големата награда на Бахреин.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2024 06:59