Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ против Вашингтон Визардс направи подвиг кој претходно им успеал само на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.

Тимот од главниот град беше единствениот против кој Јокиќ немаше „трипл-дабл“ во НБА, но сега тоа го поправи.

Со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции го предводеше својот тим до победата (130:110), но не застана тука.

Беше без промашување од поле (10/10) и со тоа стана првиот кошаркар кој има 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции со 100 отсто шут од поле.

Тоа беше негов четврти „трипл-дабл“ во кариерата без промашување од поле, соборувајќи го рекордот што претходно го делеше со Вилт Чембрлен. Во последните 40 години, само Дрејмонд Грин (2) има повеќе од еден таков натпревар.

Чембрлен сè уште го држи рекордот по број на поени при „трипл-дабл“ без промашување - 42.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2024 18:20