Водечкиот тим во Западната конференција во НБА лигата Минесота ја продолжи денеска соработката со кошаркарот Мајк Конли Јуниор, без да наведе детали од договорот.

Американските медиуми претходно оваа недела јавија дека искусниот 36-годишен кошаркар ќе потпише двегодишно продолжување на договорот со клубот од Минеаполис, во вредност од 21 милиони долари.

Конли дојде во Минесота во февруари 2023 година од Јута.

Сезонава на 50 натпревари има просек од 10.6 поени и 6.4 асистенции, со 44.2 отсто погодени тројки што е негов најдобар процент во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2024 04:40