Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер наскоро ќе потпише нов договор со клубот, пренесува ESPN. Договорот ќе трае две години.

Се очекува 58-годишниот кошаркарски стручњак да заработува 17,5 милиони долари годишно, што ќе го направи најплатен тренер во историјата на НБА.

Кер го води Голден Стејт од 2014 година. Под негово водство, тимот двапати стана шампион во НБА.

Во тековната сезона, Вориорс се на 9. место во Западната конференција на НБА-лигата со 29 победи и 26 порази по 55 одиграни натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2024 06:41