Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ига Швјонтек од Полска, ги искажа своите впечатоци по загубениот меч од Русинката Ана Калинскаја (4:6, 4:6) во полуфиналето на ВТА турнирот во Дубаи.

- Немав сила да направам повеќе. Ова ретко се случува. Се чувствував како да не можам да го контролирам натпреварот. Обично, кога си кажувам што да правам, можам да го подобрам квалитетот на мојата игра. Денес бев толку исцрпена што едноставно не можев да го сменам текот на мечот, изјави Швјонтек за прес-службата на ВТА.

Калинскаја денес од 15:30 часот во финалето на турнирот во Дубаи ќе игра против Италијанката Јасмине Паолини.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2024 06:44