Најдобрата македонска тенисерка на најновата ранг-листа нема промена во пласманот и има ист број поени како и претходната недела. Таа се наоѓа на 235. место на ВТА ранг-листата со 319 поени.
Магдалена Стоилковска има скок за едно место и сега е 1.211. со девет поени.
Без поголеми промени во рангот и за македонските тенисери.
Пад за една позиција на најновата ранг-листа има најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој се наоѓа на 361. место со 137 поени.
Горазд Србљак има скок од три места и сега е рангиран на 1.068 место со 10 поени.
Третиот македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски. Тој со два поена се наоѓа на 1612. место и има пад за две позиции.